Холанѓанецот е задоволен од новото возило

Светскиот шампион, Макс Верстапен, победи на стартот на новиот шампионат во Формула 1 откако беше супериорен на патеката во Бахреин.

– Денешната трка помина подобро од очекуваното а нашиот нов болид беше многу брз со секој модел на гумите. Одличен почеток на сезоната, тоа беше многу забавна трка. Се чувствував многу добро зад воланот, како да сум едно со болидот  – изјави Холанѓанецот.

– Мојот почеток беше добар. Првиот свиок е тесен и морав да ја заштитам внатрешноста, што и го направив. Продолжуваме наредната недела во Саудиска Арабија – потенцираше Верстапен

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО