С. Арабија ќе нема против кандидат

Саудиска Арабија ја започна кампањата за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034 година. Бидејќи повеќе од јасно е дека Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат кодомаќини на турнирот во 2030 година, ФИФА се насочи кон понуди од конфедерациите во Азија и Океанија.

Се очекува Саудиска Арабија да биде втората земја во тој дел на светот што ќе биде домаќин на Мундијал. Претходно СП беше организирано во Катар. Изборот на домаќините за Светските шампионати во 2030 и 2034 година ќе се одржи на Конгресот на ФИФА на крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО