Хезоња на крајот на сезоната си оди од Реал (М)

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот на Хезоњa со актуелниот европски шампион истекува на крајот од сезоната, а Реал не е подготвен да одговори на финансиските барања на хрватскиот репрезентативец.

Неодамна Панатинаикос на Хезоња му понуди шест милиони евра за три сезони, па во овој момент најреално е кошаркарското крило да се пресели во Атина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО