Интер по мечот со Атлетико почнува преговори со Лаутаро

Раководството на Интер ќе започне преговори за нов договор со ѕвездата на тимот Лаутаро Мартинез. Ова ќе се случи по реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Агентот на Аргентинецот Алехандро Камано се очекува во Мадрид да почне разговори со шефовите на „нероаѕурите“, пишува “Газета дело Спорт“. Желба на двете страни е Мартинез да остане на „Џузепе Меаца“.

Сепак, двете страни допрва треба да разговараат за должината на договорот и платата на напаѓачот. Актуелниот договор на Лаутаро Мартинез истекува во 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО