Баерн почнува преговори со Кимих за нова соработка

Директорите на Баерн (М), Макс Еберл и Кристоф Фројнд освен што бараат нов тренер за баварците, ќе мора да ги продолжат договорите и на неколку важни играчи во тимот. Еден од нив е Џошуа Кимих, чиј договор истекува за неполни 18 месеци.

Германскиот играч од средниот ред притиска за заминување од Баерн, бидејќи Пари Сен Жермен е силно заинтересиран за него. Во јануари ПСЖ дури и испрати понуда за него, но не дојде до трансфер бидејќи Баварците не сакаа да разговараат за негова продажба.

Се очекува Французите да направат уште еден обид на крајот на сезоната. Баерн сепак има намера да започне преговори со Кимих за обновување на актуелниот договор, но останува да се сочека понудата и барањата на играчот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО