Голман на англиски тим им платил пиво на 600 навивачи

Голманот на Ротерам Јунајтед Виктор Јохансон ги плати првите 600 пива во паб во центарот на англискиот град, изразувајќи благодарност до поддржувачите на тимот во текот на целата сезона.

Ова дојде откако беше откриено дека чуварот на голот на оваа екипа најверојатно го одиграл последниот натпревар за оваа екипа. „Cutler Arms“, како што се нарекува местото на забавата за навивачите во Јужен Јоркшир, ги отворил вратите рано во саботата наутро, при што секој пијалок доаѓаше со картичка и порака потпишана од самиот Виктор.

Од самиот Паб велат дека сите овие средства од платените 600 пива ќе оди во прилог на клубот. Ротерам заврши на последното место во Чемпионшип оваа сезона и следната сезона ќе се пресели во третото ниво на англискиот фудбал, односно Лига 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО