Арсенал е подготвен да го продаде Габриел Жесус

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус би можел да го напушти клубот, пренесува „Атлетик“. Според изворот, раководството на лондонскиот клуб е подготвено да ги слушне понудите за 27-годишниот Бразилец.

Во оваа сезона Жесус одигра 33 натпревари, на кои постигна 8 голови и 7 асистенции. Бразилскиот репрезентативец често го мачат повреди, што е проблем за Микел Артета и неговите помошници. Другата опција за центарфор, Еди Нкетиа, е надвор од форма и не успева да ги искористи шансите што ги добива.

Шпанскиот менаџер на Арсенал сигурно веќе има свои опции за нов напаѓач бидејќи оваа позиција е некако најпроблематичната оваа сезона. И покрај сето ова, „топчиите“ се најпродуктивниот тим во досегашниот дел од Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО