Ѓоковиќ посочи кога ќе почне да размислува за повлекување од тенисот

Новак Ѓоковиќ веројатно ќе биде последниот од големата тројка кој ќе игра тенис до самиот крај.

Знаеме дека Федерер е веќе пензиониран а и дека на Рафаел Надал му се ближи крајот, па скоро извесно е дека Новак Ѓоковиќ ќе остане последен од споменатата тројка.

Токму на тоа прашање, во едно од последните интервјуа за медиумите, Новак Ѓоковиќ објасни кога ќе реши да се повлече, односно кога ќе увиде дека е време за тој потег.

– Можеби моментот за повлекување од тенисот ќе биде кога ќе престанам да освојувам гренд слем турнири, кога нема да бидам во ситуација да бидам меѓу главните кандидати за големите турнири. Кога младите момци ќе почнат да ме растураат, тогаш веројатно ќе почнам да размислувам за продолжување. Но засега е се во ред, порача Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО