Ајверсон со интересен став за Дончиќ: Да не бидам погрешно протолкуван, Лука е како црнец!

Некогашниот ас на Филаделфија и легенда на НБА првенството, Ален Ајверсон, се обиде да го искоментира Лука Дончиќ и за него да даде посебна анализа.

Поранешниот МВП и 11. пати играч на Ол Стар натпреварите, во разговор за еден медиум во Америка, во друштво на Шекил Онил, одговараше на прашање и дојде на тема до Лука Дончиќ.

– Сите зборуваат дека Лука е новиот Џа Морант, но морам да зборувам во име на Лука Дончиќ. Што е со него? Тој е неверојатен кошаркар, има привеси на играч од уличен баскет, фантастичен е со топка.

– Неодамна постигна 73 поени, тоа е брутално. Не би сакал да бидам погрешно разберен во медиумите, но тој играч како црнец, го има тој стил и шарм во играта. Тој е многу „кул“ во неговите движења на терен, грациозен и шутира фантастично, порача Ален Ајверсон.

Ален Ајверсон низ кариерата, освен за Филаделфија, настапуваше уште и за Денвер, Детроит и Мемфис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО