Почнува СП за јуниорки, Македонија вечерва против САД

Денеска почнува 24. Светско првенство (СП) во ракомет за јуниорки (до 20 години) чиј домакин ќе биде главниот град на Македонија, Скопје.

На СП што ќе трае до 30 јуни, во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), ќе настапат 32 репрезентации, а мечевите, вкупно 116, ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ и во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија ќе се натпреварува во групата Х, каде што за противници ги има Исланд, Ангола и САД. Македонската репрезентација натпреварите ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Во првиот меч Македонија вечерва игра против САД (20.15 часот). Потоа, во петок е дуелот со Исланд (18 часот), а последниот натпревар од групата, е в недела против Ангола  (20.15).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО