Фудбалерот на Тотенхем и аргентинската репрезентација, Кристијан Ромеро, е сè поблиску до преселба во Интер.
Веќе подолг период се шпекулира дека Интер е во најдобра позиција за ангажман на искусниот стопер, кој сака повторно да заигра во Серија А.
Тотенхем засега бара околу 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Од управата на Интер веруваат дека ќе успеат да го убедат Тотенхем да ја намали сумата меѓу 35 и 40 милиони евра, бидејќи и клубот и фудбалерот сакаат нивната соработка да заврши уште во текот на овој летен преоден рок.