Лазаров: Не заслуживме пораз од 10 голови разлика

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров изјави по мечот дека е задоволен од залагањето на неговите играчи во поголемиот дел од мечот со Франција, но не и од резултатот.

-Франција jа заслужи победата, мислам дека тие се најдобриот тим во Европа, покрај Данска. Дадовме се’ од себе, но тоа не беше доволно против Франција. Околу 40-та минути бевме добри, но не успеавме да одииграме докрај во нивното темпо. Мислам дека 10 гола разлика не е реално за тоа што се случуваше на теренот. Но ако правите грешки против Франција, тие ви даваат гол во две, три секунди. Направивме многу грешки, премногу на меч против Франција.

Мечот со Франција е минато. Лазаров и Македонија в недела ги очекува нов тежок меч против домаќинот Германија.

–Очекувано беше да го загубиме мечот со Франција.  Сега имаме четири дена за добра подготовка за дуелот против Германија. Немавме среќа што се најдовме во група со Франција и Германија, но ќе продолжиме да се бориме докрај, истакна Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО