ГРК Охрид започна со подготовките

Екипата на ГРК Охрид стартуваше со подготовките за новата сезона.

Тренерот Борис Ројевиќ прозиваше во салата „Билјанини извори“, местото каде овој тим неодамна ја прослави титулата во ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани очекуваат нова и уште поуспешна сезона во која не само што сонуваат да го одбранат европскиот трон во третото по ред европско клупско натпреварување, имаат амбиции да освојат и пехар во домашниот шампионат.

Составот претрпе промени, но е еднакво атрактивен и квалитетен како и минатата сезона.

„Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, нашите ракометари ги започнаа подготовките за предизвиците што следуваат“, порачаа од ГРК Охрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО