Е. Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона

РК Е.Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона 2026/27.

Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг.

Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).

Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.

Оваа лето во Битола се преселија: Александар Стојков (МРК Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп)

А си заминаа: Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски

Во првото коло на Суперлигата 2026/27, Е.Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО