Македонија поразена од БиХ во финишот на мечот

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа нов пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска.

Нашите млади кошаркари, во натпревар од второто коло, загубија од Босна и Херцеговина со конечни 75:86.

Најефикасни на мечот беа Ѓорѓевиќ со 21 поени и Цветковски кој постигнати еден помалку поточно 20 поени.

Следен предизвик за избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ е селекцијата на Унгарија, средба која ќе се одигра денес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО