Екс-репрезентативецот на Македонија потпиша за Пелистер

Некогашниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски (34) се врати во својата Битола и стави потпис на договор со новиот прволигаш, Пелистер.

Ивановски ќе биде големо засилување за тимот на Влатко Костов, пред се со своето искуство и квалитет.

34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во дресот на Пелистер и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО