Димитриевски: Посебен меч за мене

Првиот голман на нашата „А“ фудбалска селекција, Столе Димитриевски, вели дека го очекува посебен меч против Црна Гора на подготовките во турската, Анталија.

– Црна Гора е подобра репрезентација од Молдавија. За мене е поспецијален меч бидејќи моето деби беше со победа против Црна Гора од 3-1 во Скопје. Мислам дека концентрацијата во финишот на мечот мора да ни биде на повисоко ниво бидејќи често примаме голови во последните 15-20 минути – вели Димитриевски.

– Мора да бидеме посконцентрирани и пофокусирани за да стигнеме до победа. Голот со Молдавија кој го примив беше фантастичен и можам да кажам дека таков убав гол немам примено можеби добри пет или шест години – потенцираше нашиот репрезентативец пред утрешниот меч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО