Фудбалерот на Реал Мадрид, Чуамени, проговори за најавеното доаѓање на Килијан Мбапе на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
Французинот кој му е соиграч на Мнапе во репрезентацијата на „галските петли“, има само пофални зборови за брзоногиот голгетер.
– Шпанците навистина знаат каков играч е Килијан… ако навистина го видат во живо, ќе разберат колку е голем фудбалер – рече играчот од средниот ред на „кралевите“.
Мбапе во текот на летото ќе ја заврши соработката со ПСЖ и според сите најави ќе замине во Примера Дивизион.