Американката, Габи Даглас, која е двократна олимписка шампионка, се повреди на митингот во Тексас и според најавите, ќе мора да ја пропушти Летната Олимпијада во Париз.
28-годишната гимнастичарка која има златен медал во поединечна конкуренција од Лондон во 2012 година и воедно тимски златен медал, триумфираше и на ЛОИ во Рио 2016 година. Даглас поради новата повред ќе го пропушти националниот шампионат кој е последен од квалификациската сесија за обезбедување на место за Игрите во Париз.