Челси не е заинтересиран за Рубен Аморим

Лондонски Челси нема да го ангажира португалскиот стручњак од Спортинг, Рубен Аморим (39) за менаџер/тренер, на местото на Маурицио Покетино, објави новинарот и инсајдер, Фабрицио Романо.

Според Романо, и покрај тоа што управата на „сините“ е заинтересирана за Аморим, клубот е збунет од два фактора: висината на обештетувањето од 15 милиони евра за откуп на неговоит договор и недостигот од искуство во Англија.

Аморим го презеде Спортинг во март 2020 година. Под негово водство, клубот освои две португалски првенства (во 2021 и 2024-та), два купа на Португалија (2021 и 2022-та) и еден португалски Суперкуп (2022).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО