Милан има нов тренер

Португалскиот тренер, Пауло Фонсека ќе го замени Стефано Пиоли на клупата на италијанскиот гигант Милан, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според неговите нформации, Фонсека се договорил на двегодишна соработка со „росонерите“ за плата од 2,5 милиони евра по сезона. Во договорот има опција за уште една година и доколку се активира, надоместокот ќе биде зголемен.

Фонсека добро ја знае ситуацијата во Италија, бидејќи во периодот од 2019 до 2021 година беше тренер на Рома. Минатата сезона тој го предводеше францускиот Лил до четвртото место во Лига 1 и до квалификациите во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО