Симон прв Баскиец со признанието „Замора“ по 54 години!

Голманот на Атлетик Билбао и на шпанската репрезентација, Унаи Симон за првпат во кариерата го освои трофејот „Замора“, за најдобар голман на сезоната во шпанската Ла лига.

Последен пат голман на баскиски клуб го доби признанието за најдобар голман во сезоната 1969/70. Тогаш легендарниот Хозе Анхел Ирибар стана сопственик на „Замора“ .

Севкупно, Симон настапи на 36 натпревари за Атлетик Билбао сезонава, прими 33 гола и имаше „чиста “мрежа на 18 натпревари.

При прогласувањето на најдобриот голман во сезоната и добитникот на наградата „Замора“, се има предвид односот на примени голови и на одиграни натпревари.

Во минатите 17 години, овој трофеј 15 пати го освојуваа голмани на Реал Мадрид, Барселона и на Атлетико Мадрид. Последниот кој не беше од „големата тројка“ беше голманот на Севилја, Јасин Боно во сезоната 2021/22.

Цената на Симон на фудбалскиот пазар, според интернет порталот Трансфермаркт, е 25 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО