Бомба од вест во НБА: Кралот ги напушта „езерџиите?“

Според информациите од Америка, ЛА Лејкерс биле подготвени да го рејдуваат Леброј Џејмс пред истекот на рокот за размена на играчи, кој истекува во чеврток, на 8. февруари.

Сензационалната вест ја објави прв новинарот Давид Пингалоре, кој ретко изнесува вакви информации, а кога ги објавува, тие обично се обвистинуваат.

Лејкерски сакаат да направат нов тим за долги патеки, а со оглед на тоа дека договорот на „кралот“ истекува следната сезона, ова е последна шанса за нив да извлечат некоја сума на пари за него.

Пингалоре во минатото погоди многу нешта, а останува да видиме дали и овој пат ќе ја погоди оваа вест за која верува дека има потенцијал да биде остварена.

Тој во 2019 гбодина самоуверено тврдеше дека Каваи Ленард ќе потпише за Клиперс, а не за Лејкерс и беше во право. Година пред тоа, прво објави дека Леброн од Кливленд се сели во Лос Анџелес Лејкерс.

Леброн сезонава има скор од 34,7 минути по натпревар на терен, во кои постигнува 24,9 поени, 7,5 скокови и 7,7 асистенци. Ова му е 21. сезона во НБА лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО