Басконија го доби Макаби – Болдвин направи скандал со судијата во финишот

Тимот на Басконија успеа да го совлада составот на Макаби (92:82), во рамки на 25. коло од Евролигата, а моментот кој го одбележа натпреварот се случи на крајот од средбата.

Имено, во последниот напад на израелската екипа, Вејд Болдвин, тргна во еден продор и судијата не му отсвири фаул кој тој го очекуваше.

Американецот потоа бесно тргна кон арбитрот и му се внесе во лице, каде што изговори сигурно многу непријатни зборови за кои веројатно ќе дознаеме утре.

Соиграчите веднаш по тој потег го одвоија Болдвин од судијата, а сигурно и дисциплинската комисија ќе има што да каже по овој инцидент.

Болдвин е инаку поранешен играч на Басконија, а на овој меч постигна 25 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО