Барселона сака да се ослободи од Левандовски

Барселона сака да се раздели со 35-годишниот полски напаѓач Роберт Левандовски ова лето, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Според истите, раководството на клубот сака да се ослободат од фудбалерот за да ја олеснат сметката за плата. Играчот добива околу 30 милиони евра годишно. Барселона планира да го испрати Левандовски во Саудиска Арабија или Премиер лигата, каде за играчот има интерес од неколку клубови.

Да потсетиме, Левандовски оваа сезона учествуваше на 47 натпревари на сите турнири, на кои постигна 25 гола и девет асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 15 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО