Бањаја ја освои Каталуња, Мартин втор, Маркез трет

Актуелниот шампион Пеко бањаја победи на трката за Големата награда на Каталуња. Возачот на Дукати победи пред лидерот во првенството, Хорхе Мартин (Прамак Дукати) и Марк Макркез (Гресини Дукати).

Бањаја на најдобар начин се рехабилитира за вчерашната грешка во спринт трката, кога како лидер падна и не ја заврши трката. Италијанецот стартуваше добро, ја презеде лидерската позиција. До крајот на петтиот круг го престигнаа Педро Акоста и Хорхе Мартин.

Додека Мартин напред се обидуваше да изгради некаква предност, Бањаја се бореше со Акоста. Дебитантот не успеа да го издржи притисокот, направи грешка заврши надвор од патеката, а потоа Бањаја тргна во лов на Мартин.

Успеа да го престигне на шест круга до крајот. а потоа со речиси две секунди предност како прв ја мина целта.

Третото место му припадна на Макрз, кој имаше уште една одлична трка, бидејќи од 14.место успеа да дојде до подиумот.

Вчерашниот победник во спринт трката, Алеиш Еспаргаро, кој се повлекува на крајот од сезоната, последната трка пред своите навивачи ја заврши на четвртото место.

Генерален пласман: Хорхе Мартин (Прамак Дукати) 155, Франческо Бањаја (Дукати) 116, Марк Маркез (Прамак) 114, Енеа Бастианини (Дукати) 94…

Следната трка во Мото Гп шампионатот ќе се вози во Муџело, Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО