Атлетико ќе притиска за потписот на Довбик

Челниците на Атлетико Мадрид испратиле понуда до Џирона за напаѓачот на Артем Довбик (26), но таа била веднаш одбиена, наведуваат шпанските медиуми.

Украинскиот фудбалер кој има договор со Џирона до 2028 година, имаше фантастична сезона во Ла лига. Тој беше прв на листата на најдобри стрелци со 24 гола и осум асистенции.

Неговата откупна клаузула е 40 милиони евра и се претпоставува дека Атлетико нема лесно да се откаже и стори се’ за да го ангажира Довбик.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО