Артета со плата како Гвардиола!

Англиските медиуми наведуваат дека Арсенал на менаџерот, Микел Артета, наскоро  ќе му понуди нов договор со што ќе го направи еден од најдобро платените во Премиер лигата.

Се спомнува сума од 20-на милиони фунти по сезона што е еднакво на примањата на Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Шпанецот има уште една година од актуелниот договор со „топчиите“, но сите во клубот се убедени дека тој ќе остане подолго на стадионот „Емирати“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО