Американецот Марш е новиот селектор на Канада

Американецот, Џеси Марш именуван е за нов селектор на фудбалската репрезентација на Канада. Тој ќе го наследи на кормилото на Канаѓаните, Мауро Биело, кој беше в.д. селектор.

Марш потпиша договор со Канадската федерација до 30 јуни 2026 година. Марш (50) беше поврзуван со различни тренерски места во клупскиот фудбал, но реши кариерата да ја продолжи како селектор.

Марш претходно работеше во Лидс, во Лајпциг, во Салцбург и во Њујорк Ред Булс.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО