Мбапе петти пат по ред е играч на сезоната во Лига 1

Килијан Мбапе синоќа петти пат по ред ја доби наградата за играч на годината во Франција. Церемонијата на доделувањето уследи три дена по веста дека Мбапе ги игра последните натпревари во дресот на ПСЖ.

Мбаше (25) постигна 27 гола и имаше седум асистенции на 29 натпревари во Лига 1 сезонава. „Се збогувам со крената глава“, изјави Мбапе, кој при примањето на трофејот зборуваше и за можното учество на Олимписките игри во Париз. „Сите ја знаат ситуацијата. Тоа не е одлука која зависи од мене. Што и да се случи, ќе бидам среќен“.

Награди добија и соиграчите на Мбапе, Џанлуиџи Донарума (најдобар голман) и Ворен Заир-Емери (најдобар млад играч). Наградата за најдобар тренер му припадна на Ерик Рој од Брест, откритието на сезоната.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО