Вејд Болдвин се пресели во Фенербахче

Еден од двајцата најдобри играчи на Макаби, Вејд Болдвин, по две години го напушти Тел Авив.

Болдвин, кој блескаше изминатата сезона, кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче. Тој потпиша 2+1 договор. Финансиските детали од договорот не се објавени.

Американецот имаше одлична статистика минатата сезона во Евролигата: имаше просек од 17,4 поени, 2,5 скока и 4,9 асистенции по 28 минути игра.

Вејд Болдвин, кариерата ја започна во Мемфис, а потоа играше за Портланд и Торонто во НБА, по што потпиша за Олимпијакос, по една сезона играше за Баерн и Басконија, пред да се пресели во Макаби во 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО