Депај си заминува од Атлетико Мадрид како слободен играч

Напаѓачот Мемфис Депај го напушта Атлетико Мадрид и станува слободен играч.

– Да, станувам слободен агент и летово можам да се преселам каде што ќе посакам. Не сум во напредни преговори со ниту еден клуб бидејќи мојот фокус е на Европското првенство, изјави Депај.

На Холанѓанецот му истекува договорот со Атлетико и тој нема автоматски да биде обновен, за што имаше опција. Депај е дел од шпанскиот клуб од почетокот на 2023 година, а минатата сезона одигра 31 натпревар во сите конкуренции и постигна деветгола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО