ЛШ: Винисиус Жуниор е играч на сезоната, Белингем e најдобар млад фудбалер

Реал Мадрид, освојувачот на титулата во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава, сосема очекувано ги собра и индивидуалните награди. УЕФА два дена по одигрувањето на финалето реши да ги прогласи најдобрите поединци.

За најдобар играч сезонава во ЛШ избран е Винисиус Жуниор. Бразилецот постигна шест гола, а имаше и пет асистенции. Некои погодоци беа во клучни моменти поради што и го доби признанието.

Во дебитантската сезона во дресот на Реал Мадрид, Џуд Белингем имаше забележителен настапи за што беше избран за најдобар млад фудбалер во ЛШ. Младиот, 20- годишен Англичанец постигна четири гола и имаше пет асистенции.

Реал Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето на ЛШ во саботата на „Вембли“ во Лондон, и ја освои 15-та титула во ова натпреварување.

Тимот на сезоната во ЛШ го сочинуваат:
Грегор Кобел (Борусија Дортмунд); Дани Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Иан Матсен (Борусија Дортмунд); Марсел Сабицер (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Џуд Белингем (Реал Мадрид); Фил Фоден (Манчестер сити), Хари Кејн (Баерн) и Винисиус Ѓуниор (Реал Мадрид)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО