Манчестер јунајтед би можел да го продаде Бруно Фернандеш, летово, најавија дел од медиумите во Англија.
За португалскиот репрезентативец, наводно, заинтересиран е Баерн Минхен, пренесе вссникот „Индепендент“. Се верува дека управата на „црвените ѓаволи“ е подготвена да го пушти играчот од средниот ред за да ги испочитува финансиските правила на Премиер лигата.
Фернандеш сезонава одигра 33 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 10 гола и имаше седум асистенции.