Божиноска и Јанкуловска ја посакуваат двојната круна со Ѓорче Петров

Ракометарките на Ѓорче Петров по освојувањето на шампионската титула, се насочија кон завршницата на Купот на Македонија, каде што во полуфиналето ќе се сретнат со Куманово.

За тоа како течат подготовките, дали се задоволни од сезоната и вопшто за македонскиот женски ракомет, разговаравме со Ива Божиновска и со Ангела Јанкуловска, кои беа гости во Спортско радио 90,3 ФМ.

– Мислам дека заслужено го освоивме првенството. Купот е секогаш посебна приказна. Добро се подготвуваме за мечот со Куманово и сакаме да дојдеме до финалето.

Севкупно задоволни сме како минува сезоната, бидејќи одигравме одлично и во Европскиот куп, вели една од поискусните, Ива Божиноска.

На слична „бранова должина“ е и левиот бек, Ангела Јанкуловска.

– Сакаме да го освоиме и трофејот во Купот. Ние поставивме рекорд за најмногу голови во првенството, а многу можевме да научиме и од мечевите со шпанскиот Елче во европските мечеви.

Пласманот меѓу најдобрите осум треба да ни биде мотив за натаму. Мислам дека и со репрезентацијата можеме да покажеме добри игри на Европското првенство (ЕП), истакна Јанкуловска.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО