Американците го објавија поширокиот список на кошаркари за настап на ЛОИ во Париз

По неуспехот на Светското првенство (СП) во кошарка, Американците ја подготвуваат најсилната кошаркарска репрезентација за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Менаџерот на репрезентација, Грент Хил го обелодени поширокиот список на кандидати за настап на ЛОИ.

Тоа се: Бем Адебајо, Џарет Ален, Паоло Банкеро, Дезмонд Бејн, Скоти Барнс, Девин Букер, Микал Бриџис, Џејлен Браун, Џејлен Бренсон, Џими Батлер, Алекс Карузо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Кевин Дурант, Ентони Едвардс, Џоел Ембид, Дерон Фокс, Пол Џорџ, Арон Гордон, Тајрис Халибартон, Џејмс Харден, Џош Харт, Тајлер Хиро, Џру Холидеј, Чет Холмгрен, Брендон Инграм, Кајри Ирвинг, Џерен Џексон, Леброн Џејмс, Кам Џонсон, Вокер Кеслер, Кави Ленард, Демиен Лилард, Донован Мичел, Крис Пол, Боби Портис, Остин Ривс, Данкан Робинсон, Џејсон Тејтум, Дерик Вајт и Треј Јанг.

На спискот се 13 играчи кои веќе имаат олимписки златни медали. Дурент има три, Џејмс и Крис Пол имаат по два, а Ентони Дејвис, Бам Адебајо, Демијан Лилард, Девин Букер, Џејмс Харден, Џејсон Тејтум, Џими Батлер, Џру Холидеј, Кајри Ирвинг и Пол Џорџ по еден.

Доколку игра и доколку САД победи, Дурент би бил првиот кошаркар со четири злата од ЛОИ.

Ова е првата официјална фаза во процесот на составување на олимпискиот тим од 12 играчи што ќе настапи на ЛОИ кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Тимот ќе биде финализиран напролет, при што многу одлуки најверојатно ќе зависат од здравјето на играчите и од настапите на нивните тимови во плеј-офот.

Прв тренер ќе биде Стив Кер од Голден Стејт, а ќе му помагаат Ерик Споелстра од Мајами, Тајрон Лу од ЛА Клиперс и Марк Фју од Гонзага.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО