Покетино: Очајнички го посакувам првиот трофеј, можеби ќе ни се посреќи во Лига купот

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино, истакна дека сезонава очајнички посакуваат со играчите прв трофеј во англискиот фудбал по подолг период.

Тој како што тврди, екипата ја стартувал од нула, но дека веќе се видливи одредени резултати во тимот за кои се залагаа претходно.

Челси синоќа се пласира во финалето од Лига купот, откако на домашен терен беа подобри против Мидлсброу со 6:1, па со севкупен резултат од 6:2, ќе патуваат во финалето и ќе стискаат палци за трофеј.

– Очајнички посакувам трофеј оваа сезона и овде. За година ипол во Париз освоивме три трофеи и посакувам еден овде. Очајнички ја посакувам секоја идна победа, тоа се разбира, порача Покетино за БиБиСи.

Челси на 25. февруари на култниот стадион „Вембли“, ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Фулам и Ливерпул кој се игра вечерва.

Водејки го Тотенхем претходно, Покетино загуби финале во Лига Купот од Челси во 2015 година и финале во ЛШ во 2019 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО