Екипата на Пелистер стигна до голем триумф откако го победи МЗТ Скопје и тоа сред Аеродром со резултат од 72:66
Иако без помошта на најавените американски засилувања, „пелистерци“ ги искористија сите слаби моменти, а ги имаше доста, во играта на актуелниот првак, и дојдоа до втората победа против МЗТ Скопје во регуларниот дел од сезоната.
Гостите од Битола изгледаа подобро во првото полувреме. Во тие 20.минути Пелистер се стекна и со двоцифрена предност. Во воведната четвртина имаа десет поени повеќе од шампионот (24:14).
И оако со некои одредени осцилации, битолчани знаеја да ја одржуваат таа позитива. Во еден момент, поточно во 14.минута, имаа и уште повисоки (29:16). Но иако беа далеку од идеалното, домашните кошаркари до крајот на полувремето успеаја таа негатива да ја претворат во прифатлива.По 20.минути игра заостануваа само шест поени (33:39).
И второто полувреме донесе скоро идентичен развој на настаните. „металците“ постојано се обидуваа, но никако не успеваа да ја свртат играта, но и резултатот, на својата страна. Во третито дел се доближија на негатива од само два поени (53:55), со кои се влеезе во оној последниот. Но гостите од Битола се одбранија, и сосема заслужено му го нанесоа вториот пораз во првенството на актуелниот бранител на шампионската титула.
Статистиката вели дека првата петорка на пелистер го „носеше“ дерби дуелот. Сите пет стартери ја надминаа бројката од најмалку десет поени. А на некогашнито играч на МЗТ Скопј,е Андреј Магдевски, му недостасуваа само две асистенции за да запише и троен ефект. Вака репрезентативнито бек застана на 20.поени, 11 скока и 8.асистеции, плус по три освоени и исто толку загубени топки. Мијовиќ го следеше со 15.реализации, додека пак по 11 имаа другитѕе стартер, Маслинко, Костоски и Мијовиќ.
Кај првакот, Расел забележа 16.поени, В. Стојановски и Крстевски завршија со по 13.реализации, а „двоцифрен“ беше и Танасковиќ, постигна 11. поени.