Клоп со неверојатен гест: Го канам Ериксон да дојде да ја преземе мојата функција во Ливерпул

Кога пред извесен период, Свен Горан Ериксон, потврди дека има канцер и дека се бори со подлата болест, раскажа низ медиумите дека голема желба му е да стане тренер на Ливерпул, дека тоа му е неисполнет сон.

Сега навивачите на Ливерпул, покренаа иницијатива за овој легендарен тренер на мечот на легендите, на тоа Јирген Клоп отиде и чекор понапред.

– Неодамна дознав дека тој цел живот бил голем навивач на Ливерпул, а слушнав и за идејата дека тој сака да го води Ливерпул, на тоа не можам да влијаам. Единствено што можам да кажам е дека апсолутно е добредојден во клубот и дека може да дојде да ја преземе мојата работа на еден ден, ако сака да го направи тоа.

– Воопшто нема проблеми, нека седне во мојата канцеларија, ќе у покажеме како се развиваше клубот минатите години, само нека дојде, ќе минеме неколку часа заедно, сигурен сум во тоа, порача Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО