Зидан не преговара со Баерн

Иако се поврзуваше со германскиот гигант Баерн Минхен, Зинедин Зидан не разговарал со клубот за тренерското место. Баварците се во многу сериозна криза под водство на Томас Тухел, а шпекулациите за негова смена стануваат сериозни.

Различни извори тврдат дека Зидан е еден од главните фаворити за замена на Тухел, а преговорите веќе се во тек.

Сепак, овие шпекулации се демантирани, а извор близок до клубот потврди дека Баерн немал никаков контакт со Зидан, кој моментално е без ангажман. Со Баерн се поврзуваат и други имиња како Оле Гунар Солскјер и Антонио Конте.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО