Наполи кога последен пат направи две тренерски промени, испадна од лигата

Наполи синоќа го смени тренерот Валтер Мацари и во текот на оваа сезона ова е втора промена на кормилото на тимот.

Досега во историјата ова е вторпат на Наполитанците да им се случи во иста сезона двапати да го менуваат тренерот. Тоа последен пат се случило пред 26 години. Вчера стана јасно дека Валтер Мацари ќе ја напушти функцијата тренер на Наполи. На негово местод оаѓа селекторот на словачката репрезентација Франческо Калцона.

Претходниот пат кога Наполи толку често менуваше тренер беше во сезоната 1997/98. Тогаш тимот имаше четворица тренери – Бортоло Мути, Карло Мацоне, Џовани Галеоне и Винченцо Монтефуско. Наполи тогаш со само 2 победи заврши на последното место во Серија А и испадна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО