Животот пишува романи: Саинц од болничкиот кревет, до победа во Австралија!

Неверојатниот расплет на трката во Австралија, донесе скоро неочекуван пласман на подиумот. Ферари обезбеди еден два победа, а на третото скалило присутен беше возачот на Мекларен, Ландо Норис.

Ова е трета победа во кариерата на Карлос Саинц, а тој на патеката се врати откако пред две недели беше на операција на слепото црево. Шпанскиот возач победи со резултат од 1 час, 20 минути и 26 секунди.

Второто место му припадна на Шарл Леклер, додека на третото беше Ландо Норис. Во зона на бодови беа уште и Оскар Пјастри, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Јуки Цунода, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.

Трикратниот Ф1 шампион Макс Верстапен кој стартуваше од првата позиција, мораше да се откаже во третиот круг бидејки му се запалија кочниците и тоа беше негово прво отсуство по две години во трка.

Набрзо по него мораше да се откаже и Луис Хамилтон, кој пак имаше дефект со моторот. Ферстапен добро стартуваше и го заддржа првото место пред Саинц, Норис, Леклер и Пијастри, но потоа мораше да се откаже.

Следната трка се вози 7. април во Јапонија, на легендарната патека „Сузука“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО