Зарем и капитенот на Партизан ќе им зададе удар на „црно-белите?“ (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Партизан се наоѓа во доста тешка кадровска ситуација, која наскоро може да стане уште потешка.

Навидум по Бруно Кабокло, за заминување се подготвува и капитенот Кевин Пантер, иако потпиша пред извесен период нов договор.

Инаку Кевин Пантер на Инстаграм објави една фотографија во која меѓу редови можеби се најавува негово заминување.

Тој сподели објава со која потврдува и дека не е баш фокусиран на обврските во клубот. Американскиот новинар Рахим Палмер, напиша на социјалните мрежи дека Пантер е еден од играчите кои сака да ги види во НБА, а капитенот на „црно-белите“ ја сподели таа порака, што јасно алудира дека се подготвува веројатно за заминување.

Се разбира тоа не е ништо официјално, но ги подгрева шпекулациите дека летово може да биде доста интензивно за тимот од Белград.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО