Заниоло се пресели во Аталанта

Фудбалерот на Галатасарај, Николо Заниоло, ќе замине на позајмица во екипата на Аталанта до наредниот јуни со можност да му биде откупен договрот за околу 20 милиони евра, велат последните информации од Турција.

Екипата од Бергамо првично ќе плати шест милиони а потоа уште 14 милиони доколку се одлучи да го задржи. Заниоло, 25-годишниот играч, претходната сезона играше како позајмен во тимот на Астон вила, одигра 25 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО