Репрезентативецот на Германија и член на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, влегува во „радарот“ на францускиот фудбалски гигант ПСЖ, наведуваат повеќе медиуми повикувајќи се на објавата на Фабрицио Романо.
Според досегашните најави, 29-годишниот фудбалер сигурно ќе си замине од арената „Алијанц“ летово. Тој за баварскиот тим има 390 натпревари, даде 42 гола и имаше 104 асистенции. За Кимих кој може да игра на неколку позиции, заинтересирани се и англиските екипи.