Лотито не жали за пропаднатиот трансфер на Гринвуд

Првиот човек на италијанскиот фудбалски состав Лацио, Клаудио Лотито, се осврна на неуспешниот обид да се ангажира напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд.

– Договорот пропадна во последната фаза. Сега имам друго име на мојата листа, не можам да кажам кој е но, тој е 10 пати подобар од Гринвуд – изјавил Лотито за италијанските медиуми.

Гринвуд кој претходната сезона ја помина како позајмен во шпанскиот состав Хетафе, во почетокот на месецов се врати во Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО