Рабио: Шпанија покажа многу на ЕП

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Адриен Рабио, на денешната средба со новинарите, изјави, дека колективот е посилен од поединецот.

– Секогаш сме го ставале тимот на прво место. Се наоѓаме во полуфинале на голем турнир. Од Антоан очекуваме многу повеќе бидејќи тој е способен за тоа. Можеме да победиме и без него, имаме тим од врвна класа – вели Рабио.

-Шпанија е репрезентацијата која игра најдобро на овој турнир. Тоа е комплетен тим со свои силни и слаби страни. Знаеме дека кога тимовите играат со Франција, тие исто така имаат тенденција да ја менуваат играта – додаде Рабио пред утрешната средба со „Фуријата“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО