Во Црна Гора: Ватерполисти тепани со мачети и со безбол палки!

Неверојатна случка во Подгорица, Црна Гора. Во близина на спортскиот центар „Морача“, во кој има и базен, неколку непознати маскирани лица ги нападнале ватерполистите на Будуќност, при што еден од репрезентативците на тој клуб бил тешко повреден.

Будуќност во оваа пригода испрати соопштение до јавноста: „На 28 мај во 17.20 часот во паркот кој е во непосредна близина на градските базени, а по завршувањето на тренингот, група ватерполисти на враќање дома биле нападнати од неколку непознати лица со фантомки на главите, со мачети и со безбол палки.

Притоа еден млад ватерполист од јуниорските категории на Црна Гора, освојувач на сребрен медал од Европското првенство (ЕП) 2023 година во Подгорица, претрпел посериозни повреди“, се наведува, меѓу другото, во соопштението.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО