Во три дена, Баер Леверкузен ќе игра две куп-финалиња!

За првпат од 2002 година и третпат во клупската историја, Баер Леверкузен е во финале на едно големо европско натпреварување. Синоќа ремито со Рома (2:2) им донесе место во финалето на Лига Европа (ЛЕ) на новите германски шампиони, кои ја продолжија неверојатната историска серија без пораз на 49 меча по ред.

Мечот со Аталанта во Даблин, на 22 мај, ќе биде трето големо финале за „фармацевтите“ во клупската историја, откако претходно триумфираа во Купот на УЕФА во 1988 година. Во 2002-та загубија во финалето на ЛШ, од Реал Мадрид.

– За три дена ќе мораме да играме две финалиња. Но нема ништо да менуваме, ќе продолжиме како и досега, рече тренерот на Баер, Чаби Алонсо, откако стана јасно дека три дена по ЛЕ, неговите избраници ќе мора да го одиграат и финалето во Купот на Германија, против Кајзерслаутерн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО