Два гола на Мбапе во убедливата победа на Франција на СП

Франција ја оправда фаворитската улога против Шведска во првиот 1/16-финален натпревар на Мундијалот.

На дуелот одигран на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Французите славеа победа со 2:0 и обезбедија пласман во осминафиналето.

Француските фудбалери во текот на целиот меч доминираа на теренот.

Два од трите гола за Французите ги постигна Килијан Мбапе, кој три пати ја затресе шведската мрежа.

Сепак голот во 21.минута беше поништен поради офсајд. Затоа во 45.минута Мбапе ја измеша шведската одбрана во нивниот шеснаесетник за водство на Триколорите од 1-0.

Предноста беше дуплирана во 53.минута кога Бредли Баркола ја искористи прекрасната асистенција на Мајкл Олисе.

До третиот гол се чекаше до 74.минута кога Мбапе со својот шести гол на Мундијалот, зголеми на 3-0, што беше и конечен резултат.

Следен противник на Франција во осминафиналето ќе биде репрезентацијата на Парагвај, која претходно ја елиминираше Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО